Левица ќе поднесе кривична против Заев за загрозување на независноста (ТЕКСТ)

Oд политичката партија Левица најавија дека ќе поднесат утре кривична пријава против премиерот Зоран Заев до Основното јавно обвинителство – Скопје, за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ („Загрозување на независноста").

„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија" за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање"- велат од Левица.

Од таму додаваат дека детали од наводите во пријавата ќе бидат изнесени утре на прес-конференција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари