logo
logo
logo

Левица: Албанските партии да престанат со анти-европските политики

Vecer | 03.04.2021

Левица: Албанските партии да престанат со анти-европските политики

Изјавите на Бујар Османи, Артан Груби и Халил Снопче дека нема да прифатат попис без попишување на дијаспората јасно покажуваат дека единствената цел на албанскиот политички блок е спроведување на фингиран попис, спротивно на препораките на Еуростат, велат од партијата Левица и уште појаснуваат дека тврдењето на вицепремиерот Груби дека дијаспората е дел од населението и истата се брои, е во директна контрадикција со ЕУ-регулативата која предвидува дека „оние кои живеат или се очекува да живеат надвор од местото на попишување во период од една година или повеќе, нема да се сметаат за привремено отсутни и истите ќе бидат исклучени од вкупното население.”

- Дополнително, изјавите на Алијанса и Алтернатива дека одложувањето на пописот е на штета на албанското население само демонстрира колку се алиенирани албанските политички елити од реалните потреби на обичните граѓани. Настојувањето да се спроведе попис кога Македонија е трета држава по прекумерна смртност е доказ дека таканаречените албански партии, освен национал-шовининизам и меѓуетнички хушкања, нема што друго да понудат на обичниот Албанец.

Токму од ваквите политички мотивации на пописот доаѓа и сета оваа засилена кампања за насилничко спроведување на истиот, спротивно на сите меѓународни препораки, а со единствена цел зачувување на рамковните привилегии, од кои единствено бенефиции добија криминалците од ДУИ.

Јасно е дека и владејачката СДСМ е дел од ваквите заткулисни договори, кои и во минатото покажаа дека се спремни да ги погазат сите воспоставени национални и меѓународни норми и принципи, само за спас на својата криминална коалиција. Левица повторува дека нема да учествува во попис без промена на Законот за попис согласно европските стандарди, а во меѓувреме ги повикуваме партиите на власт да престанат со насилничките анти-европски политики кои Македонија ја трансформираа во хибриден режим, велат од Левица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk