logo
logo
logo

Ленин Јовановски: Ќе и олеснам на Данела, ќе се повлечам, но блокадите продолжуваат

Vecer | 07.12.2022

Ленин Јовановски: Ќе и олеснам на Данела, ќе се повлечам, но блокадите продолжуваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму затоа што смета дека премногу се злоупотребува неговото име, а блокадите на превозниците остануваат и понатаму. За „А1он“ Јовановски рече дека неговото име постојано се спомнувало во политички контекст, а тоа му штетело на целиот процес на изнаоѓање решение за превозниците кои трет ден протестираат поради неисплатени долгови од Град Скопје
– Од овој процес јас решив да се повлечам затоа што премногу се злоупотребува моето име и му се дава политичка нотификација. Институционално останувам директор на „Слобода превоз“, но нема да бидам гласноговорник на превозниците. Ние како „Слобода превоз“ не може да бидеме фактор во превозот затоа што со одлуката на Градот не можеме да се пријавиме на јавен повик за линии една година, рече Јовановски.
Првиот човек на „Слобода превоз“ смета дека превозниците и без него ќе се организираат, а протестот според најавите ќе продолжи и понатаму.
– Ако јас сум проблемот, еве ќе му олеснам на Градот и ќе се повлечам. Нема да учествувам на никаков начин, а превозниците ќе се организираат и без мене. Нема да може да се правдаат дека јас сум крив за проблемите што имаме во превозот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk