Нема залихи

Лековите да ги платите од џеб или никако разболување после 15-ти во месецот

Лековите да ги платите од џеб или никако разболување после 15-ти во месецот. Пациентите во аптека не можат да ја земат неопходната терапија со рецепт бидејќи квотите биле потрошени. Можат да ја добијат, но само на приватно. Револтирани мајки но и хронично болни велат дека пешачат по неколку километри барајќи го потребниот антибиотик и лек за крвен притисок, но безуспешно. Сегде го добиваат истиот одговор – На рецепт нема, само со пари.

- Нема квота, нема квота и само тоа велат...Од први до 10-ти, 15-ти може и ќе се најде, после тоа нема..како се снаоѓаме..нешто приватно и така

- Во сите аптеки прошетав и нема, велат од четврток ќе добијат..Подолго време е така и се надевам ќе се реши

- Aнтиобиотик барав и нема, само приватно, реагираат граѓани.

Граѓаните се револтирани а нервоза има и кај фармацевтите. Реагираат дека потрошувачката на лекови е зголемена во последниот период, меѓутоа надлежните не прават корекција на квотите што ги добиваат аптеките. А кој ќе одговара доколку пациент нема пари приватно да ја купи неоходната терапија?

- Само со господ напомош, како што велат постарите...

За нормален човек е скапо, тие што имаат пари може не им значи ништо 130 денари, но за некој е многу...

Од Фондот за здравствено осигурување молк. Нема никаков одговор од двајцата директори Ден Дончев и Орхан Рамадани, како ќе го решат овој проблем кој трае подолго време, ниту колку изнесува квотата за лекови за 2018 и дали ќе има повеќе пари за аптеките?

Поврзани

Најнови вести

Коментари