Лекарската комора не констатирала лекарски пропусти и грешки во третманот на родилката Јалдз Веапоска во Општата болница во Струга на која ѝ беа извадени органи.

Комисијата утврдила дека не се евидентирани пропусти при породувањето и во текот на постоперативното следење на пациентката.

„По направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од ЈЗУ ОБ Струга, кои учествувале во третамнот на лекување на пациентката Ј.В., Комисијата констатира дека пацинетката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за елективно завршување на бременоста, не се евидентирани пропусти при оперативното завршување на породувањето и во текот на постоперативно следење и менаџмент на пациентката, лекарската екипа инволвирана во лекувањето и третманот на пациентката соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на општата здравствена состојба на пациентката и ги искористила сите расположливи ресурси на болницата за адекватно згрижување на пациентката во услови на живото-загрозувачка состојба“, се наведува во извештајот.

Во него се додава дека по направениот увид во медицинската документација и разговорот со медицинскиот тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување ((ТОАРИЛУЦ) Скопје кои учествувале во третманот и лекувањето на пациентката констатираа дека од моментот на приемот до моментот на исписот таа е третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди.

„Сите преземени мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пацинетката. Според горенаведеното Лекарската комора на РСМ не констатирала лекарски пропусти и грешки во третманот на пациентката Ј.В.“, се наведува во извештајот.

 

makfax.com.mk