logo
logo
logo

Легендата ДРАГАН МУТИБАРИЌ ПРЕЖИВЕА МОЗОЧЕН УДАР, нема помош од никого

Vecer | 23.04.2021

Легендата ДРАГАН МУТИБАРИЌ ПРЕЖИВЕА МОЗОЧЕН УДАР, нема помош од никого

– Лежам, чекам закрепнување и не знам дали ќе дојде. Проблемот е што имав мозочен удар. Тоа ми се случи пред 15 дена. Ме однесоа во болница, таму лежев 12 дена. Сега сум дома, на закрепнување. Лекарите ме отпуштија и не ми кажаа што треба да правам. Дали треба да одам на некаква рехабилитација? Морам да се консултирам што понатаму – вели легендфата, голманот на Вардар, и југословенски фудбалски репрезентативец, Драган Мутибариќ кој ја опишува својата состојба.

– Мозочен удар добив кога сечев дрва за огрев со секира. Одеднаш нешто ми пукна во мозокот. Бев дома во дворот. Ми се одзеде десната нога и десната рака. Во болница ме прегледаа со магнетна резонанца и ми дадоа дијагноза. Десната рака и десната нога и сега ми се потполно одземени. Кога треба да се движам, користам инвалидска количка. Ја користам онаа што ми остана од мајка ми – раскажува легендарниот голман, некогаш подвижен како мачка, кој сега живее во скромни услови во скопско Лисиче.

Мутибариќ, како заслужен спортист, седум години по ред аплицирал за еднократна финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт, но досега не ја добил. Во овие тешки времиња, тој наскоро по осми пат ќе аплицира. Вели ги собрал сите потребни документи и се надева дека ќе ја добие од државата таа еднократна финансиска помош што му следува како заслужен спортист, а која во оваа ситуација многу би му помогнала. Во меѓувреме се бори со болеста, но оптимизмот го напушта.

Немоќен сум потполно – вели Драган Мутибариќ. Добра волја покажа само Антонио Филевски (поранешен голман на Вардар). Друг никој не се ни јавува. Никој нема интерес за мене. Обично е така, кога имаш неволја. Сите, наводно сакаат да помогнат, ама помош нема од никаде. Оставен сум на вниманието на сопругата Милица која е подвижна и таа се грижи за мене. Пријателите сите откажаа. Кога дојде време да се помогне, нема никој – резигниран е Мутибариќ, кој и покрај минималните примања не сака да апелира до јавноста за помош.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk