logo
logo
logo

Лефков: Најголем непријател на државата е Зоран Заев

Vecer | 16.02.2021

Лефков: Најголем непријател на државата е Зоран Заев

Миле Лефков, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување емисијата 24 Анализа зборуваше за ситуацијата во државата и истакна дека најголем непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање државата има пад на сите полиња.

-Прашањето  беше дека  Македонците вработуваат само Македонци, Албанците вработуваат само Албанци, но институциите треба да вработуваат, а власта  ги влече граѓаните по партиски штабови да се ажурираат, рече Лефков кој додаде дека:

„Министерот за внатрешни оди по градовите и го прави тоа. Имаме целосна партизација на државата затоа  сме на 111 место според Транспаренси Интернешнл и затоа се најкорупмирана држава. И ајде признајте дека нема ништо друго поважно во личната карта на Македонец да пишува освен Македонец, а понатаму треба да ги средиме институциите за да не се влечат граѓаните во штабови  и да ни бидат партизирани институциите и целата држава.

Единствен непријател на Република Македонија е Зоран Заев затоа што по неговото доаѓање имаме пад на сите полиња во држава, истакна Лефков во своето гостување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk