ЛДМ го осуди апсењето на девојката која јавно пушеше марихуана

Либерално Демократската Младина најостро го осудува настанот во кој беше приведена девојката во Скопје која уживаше во пушењето канабис додека се движеше по скопските улици.

„Сметаме дека основните човековите слободи и права мораат да се почитуваат и тие преставуваат камен темелник на едно здраво демократско општество за кое се бориме и сакаме да живееме. Поминуваат веќе 21 година од кога ЛиДеМ неуморно се залага за имплементација на позитивните искуства во врска со канабисот од европските земји, како Холандија. ЛиДеМ се едни од основополножниците во напорите за легализација на канабисот за медицински цели уште од 2003 и 2004 година, 15 години неуморно се боревме за остварување нашите стратешки приоритети за кои гордо можеме да кажеме дека се исполнија. Како последна глава од ова поглавје и целосно остварување на нашите програмски и стратешки определби останува декриминализацијата на употребата на канабисот. На девојката, која вчера беше приведена, сакаме да ѝ искажеме поддршка во нејзината борба за остварување на нејзините човекови права и сакаме да ѝ понудиме бесплатна правна помош“ се наведува во соопштението на ЛДМ.

Тие бараат членот 215 од Казнениот закон на РМ, каде што е регулирано неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и перкусори, да се дополни и измени во поглед на тоа да не ја регулира личната употреба односно истата да се декриминализира.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари