Дали како провокација, лажна вест или сопствена промоција, некои медиуми објавија вест дека поранешниот министер за надворешни работи, познат како потписник и промотер на договорот од Преспа со Грција во име на сегашното министерство за надворешни работи ќе бил назначен за “олеснувач“ во преговорите со Бугарија и бугарското вето. формално познато како 'франсуски пердлог“.
Од Министерството за надворешни работи негираат дека екс министерот Никола Димитров бил назначен за олеснувач во спорот со Бугарија..
На прашање на Канал 5 од Министерството за надворешни одговорија дека не е точна информацијата што ја објавиле дел од медиумите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата