Лавров: Русија ќе поддржи промена на името на Македонија, ако тоа е во интерес на двете страни

Русија ќе го поддржи преименувањето на Република Македонија, ако тоа одговара на интересите на двете страни. Ова го истакна министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, по средбата со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас во Москва, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

„Секогаш сме зборувале дека поддржуваме постигнување на договор за овој проблем, без надворешно мешање, без утврдени вештачки рокови и услови, и сме велеле дека поддржуваме решение кое ќе одговара на интересите на Македонија и Грција, но и што ќе добие широка јавна поддршка. Се надевам дека објавениот договор е токму таков“, изјави првиот дипломат на Москва.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари