logo
logo
logo

Латас: Во чие име преговара Бучковски, неговите ставови се исти со тие на Каракачанов

Vecer | 16.06.2021

Латас: Во чие име преговара Бучковски, неговите ставови се исти со тие на Каракачанов

Постојат сомнителни чекори и намери кај премиерот Заев и неговиот тим, вклучително Бучковски во преговорите со Бугарија, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5, потенцирајќи дека СДСМ бега од Комисијата за надворешна политика и дефинирање на македонски ставови и црвени линии.

Латас истакна дека никој не знае што се преговара, ниту што содржи тој португалски предлог кој се споменува, но тоа што го знаеме дека дека прпеговарачот во име на владата, Владо Бучковски има идентитични ставови со Красимир Каракачанов и бугарските европратеници.

- Ова што денес се случува почна некаде крај на 2005  или почеток на 2006 кога Бучковски како тогашен премиер направи заедничка прослава на бугарски воени гробишта. Тоа што беше инцидентна позиција и не обрнувавме внимание, тој после тоа е преговарач и човек кој бара да биде иден амбасадор во Бугарија. Ако ги видите ставовите на Бучковски и ги споредите со ставовите на Каракачанов или бугарските европратеници ќе видите дека тие речиси се идентични. Тогаш во чие име преговара Бучковски? Не знаеме за чиј интерес и што преговара и зошто воопшто преговараме, вели Латас.

Латас прашува што и зошто преговараме сега со Бугарија кога договорот со Бугарија не се најде во писмото на нашите стратешки партнери САД, а претходно имаме Договор од 2017 и Бледски помеѓу Тито и Димитров во кој државата Бугарија вели дека во Бугарија живеат Македонци, се споменува Пиринска Македонија и автономија.

- Ако се случи да Советот на министри изгради рамка со бугарскиот став, а таа е членка на ЕУ, тогаш не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ за бугарските барања. Тогаш договорот со Бугарија ќе се најде во првите пет услови и ние нема да ги поминеме ни нив, нагласи Латас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk