logo
logo
logo

Латас: Шилегов има потрошено 400 милиони, а една улица нема направено, но има викендица, поголема куќа и се фали со ауди

Vecer | 27.09.2021

Латас: Шилегов има потрошено 400 милиони, а една улица нема направено, но има викендица, поголема куќа и се фали со ауди

Скоро нови 4 милијарди ја задолжи Заев државата откако е на власт, тоа е повеќе отколку владата на ВМРО-ДПМНЕ, претходно. Најголем должник е локалната самоуправа бидејќи таму има најмногу тендери и најлесно парите се перат таму и најмалку се пред очи на јавноста. По 50 милиони им поделија на општините каде што се нивни градоначалници, и пак немаат ништо сработено, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа.

- Не постои проект кој стои СДСМ позади него, ни автопат, ни булевар, ни болница, едно школо само изградија и толку. 100 милиони година троши Скопје, Шилегов има потрошено 400 милиони, а една улица нема направено нова. Направи викендица за себе, поголема куќа, два стана и се фали ауди во возен парк, рече Латас.

Тој истакна дека парите ги нема бидејќи се искрадени, а дури и Бранко Црвенковски денеска потврди дека Македонија со СДСМ е корумпирана, но тоа што е поважно власта доби и од Белата куќа дека Македонија е корумпирана држава и дека има ограничени слободи и права, Економист потврди дека Македонија е економски уште подоле, што значи и странскиот фактор повеќе не го штити Заев.

Во однос на изборите Латас потсети дека ова лето имаше анкета на Американскиот демократски институт во која околу 65% од граѓаните  не се задоволни од локалната власт, бидејќи повеќето општини се под контрола на СДСМ, тоа значи дека граѓаните не се задоволни од СДСМ, што значи дека СДСМ ќе помине многу лошо на овие избори.

- Ако ВМРО-ДПМНЕ освои помеѓу 25 и 30 градоначалници, тоа е доволна причина да догодина имаме предвремени парламентарни избори, тие ќе се случат, а на власта ќе и биде јасно зошто е тоа така.  Тој што крадел, урнал обвинителски и судски систем, учествувал со оваа власт во разни дилови, местени тендери, нека му ја мисли, новата власт ќе мора сето тоа да го истражи,  нагласи Латас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk