logo
logo
logo

Латас: Шилегов да објасни како дал 360.000 евра за куќа за пингвини, а во среде пандемија нема набавено амбулантно возило

Vecer | 22.04.2021

Латас: Шилегов да објасни како дал 360.000 евра за куќа за пингвини, а во среде пандемија нема набавено амбулантно возило

Шилегов треба да објасни како  дал пари и одобрил да во зоолошка градина се изгради куќа за пингвини од 360.000 евра,  а 350.000 чини куќа од 400 квадрати комплетно наместена, вели за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас истакна дека не може некој да не убеди дека таа куќа чини 350.000 евра и истите пари ги даваш за тоа кога немаш пари за вакцини, и немаш амбулантно возило и во сред епидемија немаш набавено ниту еден респиратор.

- Коце Трајановски позади него има булевари, улици, водоводи, канализации, стадиони, во двата мандати, а со што ќе излезе Шилегов, нема ништо направено освен куќата за пингвини за која земале пари со директорот на зоолошка да ги поделат меѓу себе, потенцираше Латас.

Латас додаде и дека треба Шилегов да каже  од каде му е идејата да менува улици во последна година од својот мандат иако по закон е забрането.

- Што му е идејата, да забавува народ? Што со менувањето на името кога не е подобра улицата? вели Латас

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk