logo
logo
logo

Латас: Се купуваат гласови со државни пари, дали скопјани ќе дозволат Сарај и Кондово да им изберат градоначалник

Vecer | 23.09.2021

Латас: Се купуваат гласови со државни пари, дали скопјани ќе дозволат Сарај и Кондово да им изберат градоначалник

Шилегов безмалку бесплатно го даде езерото Треска со се цела инфраструктура на бизнисмени од Сарај, даде 700.000 евра на Албанци од Мавровка да ја уредуваат со зеленило на кровот, се купуваат гласови со државни пари, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

Латас потенцираше дека резултатот од овие избори ќе одреди дали ќе може да очекуваме предвремени парламентарни избори наредна година и дека тоа би се очекувало доколку ВМРО-ДПМНЕ освои најмалку 25 општини, но сепак овие избори би ги одредиле парламентарните.

- Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои околу 25 општини во државата, повеќе општини во град Скопје од СДСМ и дека битката за градоначалник нема да ја решаваат скопјани, туку жителите на Сарај и Кондово кои не се скопјани, но за жал таму ќе се решава и прашање  е дали скопјани ќе дозволат тие да им одлучат и дали ќе ги почитуваат интересите на својот град или на партијата, рече Латас.

Латас нагласи дека на Македонија и е важно да има стручни луѓе, а од премиер постручно и не се бара, иако премиерот има стручњаци околу него, на крај одлуката ја носи тој и треба да ја знае материјата.

- За 30 години не сум видел премиер или иден премиер кој има поголема стручност од Христијан Мицкоски. Дали е тоа енергетика, финансии, дали е тоа економија. Тоа што го збори го познава 100% и тоа е доволен мотив да му веруваме, изјави Латас во „Само вистина“

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk