Премиерот не може да определува што ќе пишува во учебникот, не може со никого да се договора и нема мандат да ја менува историјата  согласно своите дневно политички потреби. Тоа е работа на експерти, тоа е работа на луѓе кои ја познават историјата, кои ја знаат документацијата и кои може да извлечат компетентен заклучок, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас во „Само Вистина“ на Канал 5, во однос на изјавите на премиерот Зоран Заев за менување на учебниците по историја и бришење на зборот бугарски од називот бугарски фашисти.

Латас истакна дека да дојде премиер и да рече дека нема од утре да има во учебниците бугарски фашисти, туку само фашисти, тоа е тоталитаризам, односно кога еден човек решава за се.

– Истото го кажуваше кој треба да биде осуден, кој е виновен, невин, им се закануваше на судиите, обвинителите. Се доведуваме во ситуација да треба да видиме во економија, воо образование, во здравство, во судство, секаде што вели премиерот, рече Латас.

Латас посочи дека Македонија има меѓународно верифициран Бледски договор со кој во Бугарија има Македонци и тие имаат право во Пиринска Македонија и тоа е потпишано од бугарската држава.

– Тој договор треба да биде појдовна основа. Историјата не се утврдува од двајца политичари, туку од експерти, Бучковски не смее да преговара вво името на целиот македонски народ, неовластен без функција, премиерот не смее да каже што ќе има во учебниците, нагласи Латас.