Писмото односно наредбата и забраната за влез во САД на Бајден најмногу се однесува на економски и политички субјекти и се однесува на корупција, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5, истакнувајќи дека САД на Бајден нема да ја поддржува Македонија се додека ја имаме високата корупција на владата предводена од СДСМ.

– Земја која има висок степен на корупција не може да биде поддржана од Џо Бајден и САД, а Македонија според последните мерења е 111 по корупција со БиХ, а пред нас се Албанија и Косово.  Корупцијата за време на ВМРО-ДПМНЕ беше мала според Транспаренси, но за време на СДСМ и кога Бучковски беше премиер и сега е висока, кога е СДСМ на власт секогаш имало највисок степен на корупција, а најмала продуктивност, потенцираше Латас.

Тој додаде дека за нас  за нас е исклучително важно да САД остане со својот фокус на Балканот, но колку и да го гледаме писмото на Бајден треба прво да ја решиме корупцијата бидејќи е највисока.

– Кај САД ги нема европските предрасуди и имаат чист однос. Во наредбата на Бајден најмногу се зборува за почитување на два договори, за Рамковниот кој е и повеќе од спроведен, и за Преспанскиот кој во овој однос на сили не може да се менува мора да се применува и ќе чекаме друг однос на сили и други пријатели кои ќе застанат позади нас па да се меннува, бидејќи се се менува.