logo
logo
logo

Латас: Кој ќе одговара за над 1000 мртви кои не беа вакцинирани како другите на Балканот?

Vecer | 16.06.2021

Латас: Кој ќе одговара за над 1000 мртви кои не беа вакцинирани како другите на Балканот?

Во анкетата на ИРИ што беше презентирана денеска  две прашања се главни, првото е невработеноста, втората е снаоѓање со ковид кризата. Во двата случаи македонската влада е банкрот, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

Латас потенцираше дека владата на СДСМ вложи неполни 200 милиони евра во помош за време на ковид, а се задолжи 1,2 милијарди, што значи дека една милијарда фали, и дека во однос на починати Македонија е на високото седмо место.

- Цел свет се потресува дека во Индија имало многу мртви, а Македонија е на седмо место во светот по број на мртви, Индија е на 107 место. Бројот на починати во ковид ккризата го покажува капацитетот на здравствениот систем. Тоа значи дека ние сме единствена земја во Европа која со државни пари во време на кризата не купи ниеден респиратор, не купи ниедно амбулантно возило, и не купи вакцини.  Кој ќе одговара за над 1000 мртви кои не биле вакцинирани навреме како другите луѓе на Балканот?, вели Латас.

Латас истакна дека ако постои фабрика за лажни вести тоа се премиерот и неговите соработници во надворешна политика, како и министерот за здравство кој ветува вакцини кои само уште дошле, додавајќи дека власта наместо да ги троши парите за справување со кризата ги потроши на непродуктивни трошоци.

- Македонија 63% од БДП е задолжена, а кога дојдоа беше 42%. Тоа значи дека 20% е задолжена повеќе државата и парите се дадени во непродуктивни дејности. Парите се потрошени на разни фондови како тој за иновации, за презервативи и проекти за невладини и медиуми да ја бранат владата, нагласи Латас.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk