logo
logo
logo

Латас: ДЕА бара да се фатат луѓето под истрага на Обвинителството, кои СДСМ добро ги знае

Vecer | 21.04.2021

Латас: ДЕА бара да се фатат луѓето под истрага на Обвинителството, кои СДСМ добро ги знае

Заеднички именител на акцијата на заплена со дрога која ја спроведе ДЕА и аферата со лажните пасоши е полицијата и тоа го тврди не било кој туку обвинителството, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Засспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, додавајќи дека полицијата е под истрага на обвинителството, а ДЕА инсистира да се фатат луѓето од МВР кои се одговори, а кои СДСМ ги знае.

- Обвинителството спроведува истрага  внатре во полицијата за оддавање тајни со нарко дилерите. Обвинителството кажа дека има истрага оти полицијата им ја пробила истрагата. Во полицијата има одговорни. Полицијата е под истрага од обвинителството. ДЕА не работи од вчера и инсистира да се фатат овие луѓе кои СДСМ добро ги знае. Полн е Фејсбук слики со нарко дилери на функционери од СДСМ, вели Латас.

Во однос на аферата со лажни пасоши тој истакна дека таа не е од вчера и а тоа е пример Чауш кој се сликаше и соработуваше со СДСМ уште додека беа во опозиција и кој има свои канали каде ги продава лажните документи.

- Тој уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше фатен како соработник на СДСМ како печати лажни изводи, лажни имотни листови, го осудија на 2-2,5 години затвор. Човекот излезе од затвор и се сликаше во просториите на СДСМ., потенцираше Латас.

Тој посочи дека не може лидерот на опозицијата Мицкоски да ја пробил акцијата на МВР бидејќи на српски телевизии и портали од 2017 и 2018 се зборува за македонски пасоши, а имаше и фатени криминалци.

- Во 2017 е издаден првиот од овие пасоши на Црногоците откако е СДСМ дојден на власт, а до денеска се издадени наводно 215.  Црногорците ги фаќаат во 2018 има пресуда, а тука оставени 3 години да штампаат пасоши. Знаеш дека е така и полицијата тврди дека знаела, дека водела истрага 2 години.  Тоа тече, добива Мицкоски информација и ја објави пред новинари на брифинг, и излегоа од МВР и викаат дека им ја пробил акцијата. Прво има вести на српски медиуми, а има и случај во Украина за престрелка кој го објави цела Европа и тој сликан со македонски пасош и тоа е старо година и пол. Што значи не ти ја пробил Мицкоски акцијата, туку таа е пробиена 3 години, истакна Латас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk