logo
logo
logo

Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше за Законот за тутунот

Vecer | 10.03.2021

Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше за Законот за тутунот

„Вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше за Законот за тутунот и практично со тоа ги демантираме гласините дека ние сме кочничарот во Собранието по однос на законите кои што се однесуваат за доброто на граѓаните“, истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при интервју дадено за „Утрински Брифинг“.

Ласовска додаде дека по однос на законите кои што се на штета на граѓаните, а меѓу тоа е и задолжување на државата, нашиот став е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ нема да прави кворум на владејачкото мнозинство.

„Ние како најголема пратеничка група сме секојдневно тука, Комисиите непречено работат, поднесувам амандмани, се со цел да законските решенија да бидат што е можно подобри, и се со цел граѓаните од истите да бидат задоволни. Но како ќе бидат задоволни граѓаните кога имаме практично колабиран систем во државата“, запраша Ласовска.

Ласовска посочи дека колабиран е целосно системот.

„И не може да се говори дека за колабрираниот систем е виновно ВМРО-ДПМНЕ. Просто е неверојатно со каква леснотија се фрла вината на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Ласовска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk