logo
logo
logo

Ла Верита ги објави писмата на Филипче до Пекинг: Фантом фирмата без фармацевтско портфолио пак ГЛАВНА

Vecer | 11.03.2021

Ла Верита ги објави писмата на Филипче до Пекинг: Фантом фирмата без фармацевтско портфолио пак ГЛАВНА

Фантом фирмата "Старби Интернатионал" во Хонг Конг служела за испраќање на писмата на Филипче до Пекинг, а интересно за неа, освен дека нема медицинско фармацевтско портфолио, е и тоа што не е познато ниту колку вработени има, ако воопшто ги има. Уште еден податок кој буди сомнеж во целата приказна, е случајно или не, но фантом фирмата Стабри е регистрирана во 2017 г и само пет месеци по формирањето на владата на Заев.

И до денес кога Македонија брои повеќе од 3.200 починати од Ковид-19, а бројот на заболени не стивнува сè уште немаме јасна потврда дали и кога ќе бидеме снабдени со вакцини. Следствено на објавената анализа од Ла Верита, околу модалитетот на барање дози на пазарот на вакцините од страна на власта, премиерот Зоран Заев призна дека платениот аванс на Кина за да ги добие продуктите од Синофарм, бил вратен, а вакцините не се добиени поради вклучувањето на странски фирми како посредници.

Ла Верита денес ги објави писмата на министерот за здравство Венко Филипче во кои е вклучена друга фирма, различна од оние кои беа споменати од страна на македонскиот премиер за време на вчерашната прес-конференција, писма кои би можеле да го појаснат мотивот зошто не се воспоставила соработката со Пекинг.

Сепак, писмото кое е значајно за западните демократии и Атлантската Алијанса, е она кое датира од 25 јануари, во кое министерот за здравство, во спротивност од својата институционална мисија да ги штити животите на граѓаните и кршејќи многу меѓународни конвенции, изјавува дека го ослободува Синофарм, односно кинескиот режим, од каква  билоодговорност за евентуални негативни ефекти од вакцината.

Веќе е јасно дека во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н здравствена дипломатија.

Џовани Каподистрија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk