logo
logo
logo

Курир: И Комисијата на Филипче не утврдила одговорност во случајот на родилката која остана без органи

Vecer | 23.04.2021

Курир: И Комисијата на Филипче не утврдила одговорност во случајот на родилката која остана без органи

По првиот извештај дека нема одговорност во случајот кога родилката Јилдиз Веапоска без да знае, остана без органи, министерот за здравство Венко Филипче формираше втора комисија.

Како што дознава порталот Курир.мк од извори од скопските клиники, чии вработени беа дел од новата комисија, уште еднаш е донесена одлука дека лекарска грешка нема!

Курир.мк дознава дека членовите на комисијата констатирале дека докторите кои ја оставија жената без органи, всушност го спасиле нејзиниот живот.

Со ова се отвора простор за сомнеж дека самото формирање на Комисијата имало за цел замајување на јавноста која бурно реагираше за овој случај.

Родилката Веапоска се породи на 31-ви август минатата година. Никој не ја информирал дека извадени се и други нејзини органи, по што состојбата ѝ се влошила и завршила на КАРИЛ во Скопје.

Докторите на скопската клиника ѝ кажале дека и недостигаат матката и еден бубрег.

Извор: Курир.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk