Курц на „Твитер“: Направен е чекор во пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Усвојувањето на уставните измени од страна на Парламентот во Скопје е многу охрабрувачки и голем чекор напред, во процесот на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, напиша на социјалната мрежа „Твитер“, австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Тој изрази надеж дека ова создава позитивен импулс во целиот регион, коментирајќи дека ЕУ ќе биде комплетна само кога сите земји на Западен Балкан ќе се приклучат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари