logo
logo
logo

Кумата на Боки 13 Мери Дика Георгиевска стана претседателка на скопска Апелација

Vecer | 03.02.2023

Кумата на Боки 13 Мери Дика Георгиевска стана претседателка на скопска Апелација

Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје. Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација. На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор и ќе се носи на наредна седница. Судскиот совет информира дека на денешната седница бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk