logo
logo
logo

Куманово има 900 активни заразени, Битола 725 - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ

Vecer | 09.05.2021

Куманово има 900 активни заразени, Битола 725 - ЕВЕ ЈА СОСТОЈБАТА ВО ДРУГИТЕ ГРАДОВИ

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки 32 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштуваат од министерството.

Оттаму додаваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани.

Бројките покажуваат стивнување на епидемијата со коронавирусот. Вчера од направени 3.108 тестирања само 198 биле позитивни, што е шест отсто од тестираните. Пред извесно време тој процентот се движеше над 25. Се намалува и бројот на починати. Вчера се регистрирани 12 лица кои не ја добиле битката со Ковид-19. Најмладиот е на 37 години од Крушево. Регистрирани се и 333 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 738.012 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.

Се намалува бројот и на хоспитализирани. Ако кон крајот на април во болниците имаше околу 1300 пациенти кои се лекуваат од Ковид-19, сега има вкупно 806. Во Скопје се лекуваат 340 лица, а во болниците низ државата 466 пациенти. Има околу 864 празни болнички кревети.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти, во Штип 51, Тетово – 11, Велес – 59, во Куманово има 57 пациенти, Охрид – 55, Прилеп – 40, Гостивар има 15 во болница, Струга – 14.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20, Кичево – 10, Кавадарци – 24, а во Гевгелија се лекуваат шест пациенти.

Во главниот град се хоспитализирани 340. Во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники се лекува 112 пациент, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има седум пациенти.

На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 а на Гинекологија нема позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има седум болни.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во болниците во главниот град има околу 330 слободни кревети.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 67881, активни 5099

Куманово 8703, активни 900

Прилеп 8237, активни 444

Тетово 7172, активни 447

Битола 6222, активни 725

Велес 5444, активни 382

Гостивар 5146, активни 286

Кавадарци 5135, активни 221

Охрид 4959, активни 406

Штип 4935, активни 251

Струмица 4073, активни 226

Струга 2962, активни 140

Кочани 2755, активни 155

Кичево 2511, активни 239

Гевгелија 2185, активни 164

Неготино 2173, активни 133

Свети Николе 1511, активни 102

Ресен 1222, активни 178

Крива Паланка 1215, активни 47

Радовиш 1112, активни 90

Берово 1024, активни 26

Делчево 959, активни 68

Дебар 935, активни 25

Виница 851, активни 116

Пробиштип 779, активни 21

Валандово 664, активни 19

Богданци 494, активни 42

Крушево 489, активни 72

Демир Капија 396, активни 15

Демир Хисар 394, активни 60

Кратово 361, активни 10

Македонски Брод 356, активни 4

Пехчево 265, активни 14

Македонска Каменица 239, активни 17

Дојран 132, активни 4

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk