logo
logo
logo

Кумановка тепана од вооружен ЛАЖЕН инкасатор

Vecer | 23.09.2021

Кумановка тепана од вооружен ЛАЖЕН инкасатор

Во текот а вчерашниот ден во 12:37 часот во СВР Куманово, З.М.(33) од Куманово пријавила дека околу 12:27 часот во нејзиниот дом била нападната од едно лице.

Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари лицето ја нападнало.

Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и започнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и при тоа му испаднал пиштол.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk