logo
logo
logo

КУМАНОВЦИ ЛУТИ НА ЗАЕВ, Максим го нема во раководството

Vecer | 16.05.2021

КУМАНОВЦИ ЛУТИ НА ЗАЕВ, Максим го нема во раководството

Според наши информации делегати на конгресот кои се од Куманово реагирале до врвот на партијата затоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не е кандидат за член на ЦО и побарале да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.

Обвиниле дека во Куманово предлозите за кандидати на ЦО ги правела мала група, а подоцна се исмејувале. Точката не била ставена на дневен ред, затоа што прво се избрал новиот ЦО, а Заев подоцна констатирал дека беспредметно било да се гласа за предлогот кога веќе го изгласа ЦО.

Димитриевски кој процедурално се пријавил да се заблагодари на кандидатурата, ја одбил и кажа како што до сега давал поддршка на СДСМ, така ќе продолжел и понатаму. Изјавил дека ќе дава поддршка на партијата, како и досега кога партијата се соочувала со многу големи предизвици од 24 декември и 27 април. Димитриевски истакнал дека мали групи и поединци прават раздор во партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk