logo
logo
logo

Кумановци и скопјани правеле домашни забави, МВР најави кривични пријави

Vecer | 28.03.2021

Кумановци и скопјани правеле домашни забави, МВР најави кривични пријави


Полицијата откри домашни забави во Скопје и во Куманово на кои присуствувале повеќе лица и најави кривични пријави.

Вчеравечер во 22 часот, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во куќа на ул.„Мајски манифест“ во Скопје, сопственост на И.Ѓ.(25) и М.Ѓ.(20), во која била организирана забава. Покрај нивната сестра С.Ѓ.(19), во куќата биле затекнати уште шест полнолетни и три малолетни лица.

Истата вечер, исто така, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во куќа на ул.„Народна револуција“ во Куманово, сопственост на Е.Т.(37), каде, исто така, имало забава. Освен нејзините три ќерки, во куќата биле затекнати уште 10 полнолетни и 11 малолетни лица.

МВР најави дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени пријави за прекршување на мерките во борбата против короннавирусот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk