logo
logo
logo

КУЌАТА ПРЕД РАСПАЃАЊЕ на семејство од прилепско, СЕ БАРААТ ЅИДАРИ за нова пристојна (ВИДЕО)

Vecer | 13.04.2021

КУЌАТА ПРЕД РАСПАЃАЊЕ на семејство од прилепско, СЕ БАРААТ ЅИДАРИ за нова пристојна (ВИДЕО)

Семејството Кулески од прилепското село Штавица живее во очајни услови, а надежните засега не мрдаат со прст, но затоа добиваат помош од хумани граѓани, објави Алфа.

Нивната куќа е пред распаѓање и затоа потребно им е ново живеалиште за кое група на хумани граѓани успеале да соберат средства за градежен материјал, но недостигаат ѕидари.

„Фирма ни излегоа во пресрет…и ни спуштија што е можно повеќе за да може колку-толку да ги обезбедиме материјалите за да се направи куќата…..Се’ зависи од тоа да се најдат мајстори за таму…исто ќе треба некоја фирма да се пријави како машинерија за да се ископа за темел…„– вели Кристина Манасиева од Охрид.

„Марта и Гоце денеска ги затекнавме во дворот. Благодарни до ТВ Алфа што го отвори нивниот 15-годишен проблем, со нетрпение ја очекуваат изградбата на новата куќичка. Се радуваат што нивните две малолетни ќерки, 13-годишната Ангела и 10-годишната Елена, конечно ќе имаат топол дом.“ објавија од Телевизијата.

Според нив семејството нема пари не зема социјална помош бидејќи чувале оовци од кои  едвај преживуваат.

Алфа контактирале со надлежниот Центар за социјална работа, досега нема никаква активност, иако уште минатиот пат, како што велат им ветиле дека веќе наредниот ден ќе го посетат семејството, но додаваат дека сега  директорот не одговорил ниту на телефонските повици, ниту пак на испратената порака.

https://youtu.be/7aNIbC9TQhk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk