logo
logo
logo

Куче испокаса осуммина кумановци - Полицијата го бара сопственикот

Vecer | 25.03.2023

Куче испокаса осуммина кумановци - Полицијата го бара сопственикот

Полицијата во Куманово работи на случајот за откривање на сопственикот на кучето кое нападна и искаса осуммина жители на градот, од кои четири деца, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој порача дека надлежните органи, пред сè локалната самоуправа, треба да преземат опсежни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници.

„Кучињата-скитници се сериозен проблем и тука мора да се преземат опсежни мерки од страна на надлежните органи пред сè од локалната самоуправа и не смее да се остави да не се преземаат мерки и на тој начин да се доведеме во ризик. Не смееме да дозволиме да имаме малтретирање и убиства на животни и не смее да се дозволи ниту животните кои не се згрижени да ги напаѓаат граѓаните“, рече Спасовски.

По нападот од кучето врз четири деца и четворица возрасни луѓе во Куманово, анализите од Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ покажаа дека не се работи за куче-скитник, туку дека било чувано, односно дека има сопственик.

Агресивното куче беше заловено и е сместено во прифатилиштето на Ветеринарно-сточарскиот центар во Четирце.

Осумтемина каснати побараа помош во кумановската болница, а инцидентите ги пријавија во полиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk