Eксдиректорот на УБК Владимир Атанасовски останува во притвор

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата на ексдиректорот на тајната полиција Владимир Атанасовски да се брани од слобода.

Од кривичниот суд соопштија: „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот В.А. изјавена против решение на судија на претходна постапка со кое се прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор, денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбата, како и фактите и доказите во предлогот донесе решение со кое ја одби  жалбата и го потврди решението на судија на претходна постапка“.

Обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски за 27 април, како и обвинетиот Захарие Симовски го посочија Владимир Атанасовски, ексдиректорот на УБК, како еден од организаторите на нападот на Собранието. По предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во вторникот вечерта Атанасовски беше уапсен, а ноќта кон средата доби и притвор од 30 дена.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари