Крвава расправија со ножеви во Арачиново

Деветнаесетгодишно момче од Арачиново е избодено со нож поради сообраќајна расправија. Според полицијата, вчера околу 15.30 часот во скопското село Арачиново-Скопје на улицата.“10“ во близина на џамијата, поради расправија за движење по улицата, Р.Б. од Арачиново со нож го нападнал соселанецот Е.Р. (19), кој бил во друштво со И.М. (18) од селото Сингелиќ.

Притоа Р.Б. на му нанел расекотина на момчето и побегнал. Според полицијата, на Е.Р. му е укажана лекарска помош во ГОБ “Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари