Собранието изгласа Одлука да се продолжи за шест месеци постоењето на кризна состојба на територијата на државата, заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемијата од Ковид-19.

Со тоа, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021.

Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата смета дека нема потреба од продолжување на кризна состојба оти бројот на заразени е намален, а според нив, тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.

 

makfax.com.mk