Кривични пријави против десетмина гостиварци поради шумска сеча

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.И.(49), М.Х.(50) двајцата од село Лакавица, гостиварско, Ф.А.(31), Ќ.А.(33), Ф.С.(25), З.С. (41), З.С.(31) , О.А.(44), Е.А.(46) и Н.А.(53) сите од село Падалиште, гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,пустошење шума“ и „кражба на дрвjа“, а против М.Х. и за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

„Во периодот од 2017 година до 02.11.2018 година, во атарот на место викано ,,Голема Равнина“, село Падалиште, гостиварско — ШСЕ – Железна Река, пријавените извршиле бесправна сеча на 58,92 м3 букови дрвjа. Пријавените Ф.И. и М.Х. дрвната маса ја транспортирале со товарни и патнички возила, ја обработувале во дворови складирана во вреќи, а потоа со возила ја транспортирале до купувачи за цена од 40-45 евра за 1м3 огревно дрво.

Организаторите на другите пријавени лица, им плаќале за извршена бесправна сеча од 20-23 евра, по 1м3 дрвна маса. Покрај ова, М.Х. со прикажување лажни факти дека дрвната маса е легална измамил 68 годишно лице од село Падалиште. По преземени мерки од страна на полициски службеници од оштетениот од село Падалиште била одземена нелегално купена дрвна маса и истата била предадена на ШСЕ-Шар Гостивар, а од извршени претреси во возила, куќи и викендица, како и од извршена контрола по возила и терен е затекната дрвна маса 38м3 и истата била предадена на чување на ШСЕ-Шар Гостивар. На овој начин пријавените го оштетиле јавното претпријатие ШСЕ – Шар Гостивар за 724.500 денари“ соопшти МВР.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари