logo
logo
logo

Кривична за полицаец кој на Табановце одобрил влез на лице кое не поседувал ПЦР тест или сертификат за вакцинација

Vecer | 01.12.2021

Кривична за полицаец кој на Табановце одобрил влез на лице кое не поседувал ПЦР тест или сертификат за вакцинација

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава до Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања против А.Б. вработен како полицаец во полициска станица за гранични работи „Табановце“, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 1 од Кривичне законик.

Имено на 21.11.2021 во 10,50 часот на граничен премин „ Табановце“ пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид 19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2.

Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршувње на дисциплинската постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk