logo
logo
logo

Кривична пријава за поседување дрога и оружје, пронајдени кај браќа во Виница

Vecer | 05.08.2022

Кривична пријава за поседување дрога и оружје, пронајдени кај браќа во Виница

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Г., на 41 година од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 14-ти март минатата 2021 година, полициски службеници од ОВР Виница извршиле претрес во домот каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, неколку куршуми од различен калибар, испукана чаура и други предмети со остатоци од марихуана.

Исто така, по извршена анализа кај пријавениот и неговиот брат било детектирано присуство на компонента што ја содржи растението канабис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk