ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.С.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Тој, во текот на 2021 година во атарот на општина Центар Жупа, бесправно зазел површина од  314 метри квадратни државно земјиште и нелегално изградил куќа.

Со тоа, се стекнал со противправна имотна корист од 621.720 илјади денари.