logo
logo
logo

Кривична пријава против скопјанка за даночно затајување

Vecer | 23.09.2022

Кривична пријава против скопјанка за даночно затајување

Единицата за економски и компјутерски и криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”.

-Пријавената, во текот на 2021 година примила 43.532 евра преку брз трансфер, но не го пријавила приходот и не поднела задолжителна даночна пријава до Управата за јавни приходи. На тој начин таа избегнала да плати данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход или 267.721 денар, а за што била законски обврзана, инфомира МВР.

Со ваквото дејствие таа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 267.721 денар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk