Кривична пријава против 19-годишно момче поради производство и пуштање во промет на наркотични супстанции

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 19-годишниот К.В. од Делчево за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични, психотропни супстанции и прекурзори“.

Имено, на 13 февруари годинава во Штип при преглед над пријавениот, биле пронајдени и одземени 48 грама марихуана, соопштија од МВР. При тоа, додаваат од МВТ, бил извршен преглед над 29 годишно лице од Штип и друго лице од Македонска Каменица, и кај нив била пронајдена и одземена марихуана, која пријавениот им ја дал.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари