Кривичниот суд преку соопштение до медиумите напоменува дека по однос на поднесениот предлог за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, постапувал итно, крајно професионално и стручно, донесувајќи одлука во најкус можен временски период, со примена на мерки за обезбедување на целосна тајност во постапувањето. Од судот додаваат дека извршиле интерни проверки.

„ Од поднесување на предлогот до изготвување на решението поминале севкупно три и половина часа, од 15 до 18:30 часот. Одлуката е донесена во недела(неработен ден) иако советот можел да одлучува и во понеделник до 15 часот, имајќи предвид да рокот за одлучување е 24 часа. Судот тврди дека е невозмозно од судот да протекла информација дека е поднесен предлог за притвор против обвинетиот С.М. бидејќи во критичниот период од 15 до 18:30 часот, сите што имале увид во предлогот имале заемна визуелна контрола едни на други, со телефоните оставени на видливо место“, велат од судот.

Оттаму додаваат дека објавата за пресудата по предметот во јавноста познат како „Таргет-Тврдина“ е закажана за утре (26.02.2021 година) во 10 часот.

makfax.com.mk