logo
logo
logo

Креаторот на Ваксајнс.мк ПО ПОЛА СААТ ПУШТЕН ОД СТАНИЦА

Vecer | 11.02.2021

Креаторот на Ваксајнс.мк ПО ПОЛА СААТ ПУШТЕН ОД СТАНИЦА

Околу половина час траел  разговорот во полициската станица Карпош со креаторот на доменот Ваксајнс.мк, Адил Бакиу, кој денеска беше повика по пријавата на Министерството за здравство.

Тој на Фејсбук се заблагодари за поддршката, додавајќи дека иако до ова не требало да дојде, ни на крај памет не очекувал.

- Во ПС само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни. И ова не е перцепција, објави Бакиу.

Случајот избувна откако Министерството за здравство пријави постоење на лажна веб-страница ваксајнс.мк која ги доведува во заблуда граѓаните.

-Оваа лажна веб-страница ги доведува во заблуда граѓаните кои сакаат да пополнат апликација со што ќе искажат интерес за вакцинација против Ковид 19, и поради тоа случајот утрово беше пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, изјавија денеска од овој ресор.

Познато е, граѓаните кои што сакаат да се пријават за вакцинација треба да се пријават на веб-страницата вакцинација.мк. Според сознанијата, авторот Бакиу ја направила страницата „ваксајнс“ откако премиерот Зоран Заев неодамна така го изговори зборот „вакцините“ на англиски јазик. Доколку се отвори страницата ваксајнс.мк таа автоматски ја отвора регуларната страница вакцинација.мк каде граѓаните можат да ја извршат регистрацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk