Креативен камп со Дејан Лилиќ во Охрид

Охрид од денеска ќе биде домаќин на креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување, кој ќе го одржат Дејан Лилиќ, Андријана Јаневска и Давор Петровски.

Во креативниот камп предвидени се повеќе активности, но меѓу најважните се: правилно дишење, артикулација, изговор, трема и како да се справите со неа, сцена и однос кон публика, соло пеење, пеење во група, темпо, ритам, динамика, однос кон микрофон и подигнување личен и тимски дух. Сите теми се проследени со теорија и вежби, информираат организаторите. Креативниот камп ќе трае до сабота, 16 јуни.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари