logo
logo
logo

Д-р Пановски

Крај на епидемијата е АКО 28 ДЕНА НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ

Vecer | 16.06.2021

Крај на епидемијата е АКО 28 ДЕНА НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ

Поради поволната состојба со коронавирусот во Македонија  се укина забраната за движење, односно полицискиот час во вечерните часови, но и се олеснија низа мерки. Дозволени се свадби, прослави, концерти на отворено и речиси и речиси и да не останаа рестриктивни мерки.

Дополнително веќе имаме и денови без починати, па граѓаните се прашуваат дали дојдовме до крајот на епидемијата во земјава. Одговорот на ова прашање го дава микробиологот д-р Никола Пановски.

- За да се прогласи крај на епидемијата со коронавирусот во земјава, треба да нема ниеден нов случај на заразен во период од два инкубациони периоди на болеста, во случајов два пати по 14, односно 28 дена.

Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски за „Слободен печат“ вели дека ова практично е невозможно на глобално ниво, меѓутоа локално е можно.

На пример, во некој град во Македонија, ако нема нов случај 28 дена, се знае дека таму нема ниту еден активен случај. Во секој случај, сега имаме ендемија, а не пандемија, односно спорадични случаи на болеста, вели Пановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk