logo
logo
logo

„Кожувчанка“ донираше 100.000 шишиња вода и 22.000 лименки „Sinetta“ на пунктот за вакцинација во Кавадарци

Vecer | 10.05.2021

„Кожувчанка“ донираше 100.000 шишиња вода и 22.000 лименки „Sinetta“ на пунктот за вакцинација во Кавадарци

Компанијата „Кожувчанка“ ДОО донираше 100.000 шишиња вода „Изворска“ и 22.000 лименки безалкохолен пијалак „Sinetta“ за потребите на пунктот за вакцинација во Кавадарци.

„Кожувчанка“ како општествено одговорна компанија донираше негазирана природна вода и безалкохолни пијалаци на регионалниот пункт за вакцинација во Кавадарци кој е домаќин за масовно вакцинирање за сите заинтересирани граѓани од Кавадарци, Неготино, Велес, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово, Дојран и Гевгелија.

– Со тоа докажуваме дека сме одговорен поборник онаму каде што е најпотребно. Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број клиники и ковид центри насекаде во нашата земја. И во овие тешки моменти нашата компанија несебично помага онаму каде што е потребно. Чест и задоволство ни е што и во овие моменти на вакцинација и имунизација го правиме истото , велат од „Кожувчанка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk