logo
logo
logo

Ковидот однесе уште еден живот во Дебар

Vecer | 26.03.2021

Ковидот однесе уште еден живот во Дебар

Почина пациент во ковид центарот во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат болни од Ковид-19, што е 38 жртва од овој вирус.

– Пациентот е на 86-годишна возраст. Беше хоспитализиран во нашиот ковид центар повеќе денови, но за жал и покрај сите напори на здравствениот персонал почина утрово. Моментно имаме двајца пациенти на кислородна поддршка, но во стабилна состојба, двајца се третираат во дневната болница, што значи добиваат терапија, малку одмараат и заминуваат во своите домови, додека на амбулантски прегледи во просек дневно имаме по десет пациенти. Еден пациент од Дебар имаме во здравствена установа во Скопје, изјави за МИА, доктор Арбијон Колари.

Додава дека последните денови се забележува зголемен број на лица кои доаѓаат на преглед, но и на заразени, што според него е последица на непочитувањето на мерките за заштита од страна на младите, кои вирусот го пренесуваат дома на повозрасните членови во семејството.

Според официјалните податоци, пред два дена од направени 12 тестови, позитивни на вирусот биле шест лица, на различна возраст. Се очекуваат резултати од уште 14 тестови.

На подрачјето на Дебар и Центар Жупа, од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени се 826, активни на болеста се 31, додека починале 38 лица, речиси по идентичен број од двете општини.

Деновиве зголемен е бројот на издадените парични платни налози за непочитување на мерката за носење заштитна маска. Во изминатите три дена, полициските службеници констатирале 56, а овој месец вкупно 150 прекршоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk