logo
logo
logo

Ковид пандемијата ГО СКРАТИ ЖИВОТНИОТ ВЕК на граѓаните во Европа - Македонија е на трето место

Vecer | 20.03.2023

Ковид пандемијата ГО СКРАТИ ЖИВОТНИОТ ВЕК на граѓаните во Европа - Македонија е на трето место

Статистиката за населението и очекуваното траење на животот е многу важна цел за донесување подобри одлуки за изградба на училишта, болници, патишта и друга инфраструктура.

Најновите податоци на Евростат покажуваат дека во 2021 година, очекуваниот животен век во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година, очекуваниот животен век бил 81,3 години, но потоа како резултат на наглото зголемување на смртноста поради ковид-19 паднал во 2020 година на 80,4 (-0,9 години), а во 2021 година дополнително се намалил (-0,3 години во споредба со 2020 година).

Во Европската унија, очекуваниот животен век во 2021 година се намалил за 1,2 години во однос на годината пред пандемијата, 2019 година. Податоците покажуваат дека Бугарија и Албанија имале најголем пад на животниот век поради пандемијата, со по 3,7 и 3,6 и Република Северна Македонија на трето место со 3.4.

На ниво на земја, највисокиот животен век е забележан во Шпанија (83,3 години), Шведска (83,1 година), Луксембург и Италија (и двете 82,7 години), додека најнизок е во Бугарија (71,4 години), Романија (72,8 години) и Латвија (73,1 година).

Во 2021 година, регионите во ЕУ со највисоко ниво на животен век на запад беа во Шпанија, Италија и Франција.

Регион во ЕУ со највисок животен век во западниот дел бил Мадрид (85,4 години), следен од Навара (84,8 години) и Финскиот регион на Оландските Острови (84,6 години). По рангирањето следат Кастилја и Леоне и автономната провинција Тренто со 84,3 и 84,2 години, а потоа Стокхолм (84,1 година) со уште три шпански региони: Кантабрија и Баскија (и двете 84,0 години) и Галиција (83,9 години). Понатаму во 10-те европски региони кои живеат подолго се 3 француски региони и автономната провинција Болцано во Италија, со по 83,8.

Од друга страна, регионите на ЕУ со најмал животен век се на истокот на Европа, каде Бугарија води со сите региони со просечни 71,4 години животен век, од 75,1 колку што беше пред пандемијата. По регионите на Бугарија следеа Мајо во Франција (71,5) и Романија со нејзините региони со просечен животен век од 72,8 години во 2021 година.

Историските податоци за очекуваниот животен век во последните 70 години покажуваат дека ако најголемото подобрување се случило во двете децении 1950-1970 година, овој индикатор се зголемил за 18 години или 33%.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk