logo
logo
logo

Нацевски:

Ковид центрите беа МРТОВЕЧНИЦИ, пред мои очи СПАКУВАА ЧОВЕК ВО ЦРНА ВРЕЌА (видео)

Vecer | 26.05.2021

Ковид центрите беа МРТОВЕЧНИЦИ, пред мои очи СПАКУВАА ЧОВЕК ВО ЦРНА ВРЕЌА (видео)

Тешко ми е малце, тоа се емоции коишто не можам, посилни се од мене, таа случка таа глетка, човекот замина така, викнаа доктори и сестри, ако ми верувате тоа го видов со свои очи, луѓето 4-5 беа со човекот 10 минути и го чекаа да испушти душа. За мене најболно и најморбидно беше што го пакуваа во црна вреќа пред мои очи. Па добро бе луѓе какво здравство сме ние?,  вели 52-годишниот Зоран Нацевски од Скопје за Алфа.

Тој исплашен и разочаран, со солзи во очите раскажува низ какви маки маки поминал за да биде хоспитализиран, но и за пеколните моменти поминати во болница, особено првите три дена во ковид центарот на Клиниката за ОРЛ.

Вели го живее вториот живот иако 26-дневната битка во ковид-центар со кислородна поддршка остави трајни последици врз неговото здравје.

Тој вели дека медицинскиот персонал му одговориле дека немаат ресурси, но како што рече тој не ги обвинува иако немале апарат за механичка вентилација.

Тие ковид центри беа мртовечници, за неполни три дена изнесоа 4 црни вреќи, човекот до мене беше вториот ден, во другата просторија имаше човек кој 24 часа офкаше, третиот ден почина, рече тој за Алфа.

Додаде дека не знае како се лекуваат, дали е полесен или потежок рече дека начинот е ист, и дека биле оставени на Господ.

Рече дека поминал пеколни третмани, и дека сопругата го префрлила во приватна установа бидејќи му кажала дека и треба сопруг, а не мртов човек.

Нацевски од срце се заблагодари на неговите најблиски роднини и пријатели, за како што вели вториот живот го живеам благодарение на нив и на медицинскиот персонал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk