logo
logo
logo

Ковид-19: Во болниците се лекуваат 1 663 пациенти, слободни се 380 кревети

Vecer | 19.04.2021

Ковид-19: Во болниците се лекуваат 1 663 пациенти, слободни се 380 кревети

Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 1 663 пациенти, од кои 702 се во Скопје, а останатите во болниците во останатите градови, покажува дневниот извештај од Министерството за здравство.

Слободни се, пак, околу 380 кревети.

Изминатото деноноќие во Скопје се примени 48 нови пациенти, а отпуштени се 28 излекувани.

Од вкупно 702 кои се лекуваат во главниот град, на Инфективната клиника се сместени 146, а во Градската општа болница „8 Септември“ 141.

Според извештајот, во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 294 пациенти, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, а на Клиниката за детски болести хоспитализирани се 12 деца. На Клиниката за гинекологија има 2 позитивни пациентки.

Кога станува збор за состојбата во болниците во внатрешноста, најмногу хоспитализирани има во Битола – 151, Прилеп – 116 и Охрид – 100.

Понатаму, во кумановската се лекуваат 94, во штипската 91, а во Велес и Струмица по 90 пациенти.

Во болниците во останатите градови состојбата е следна: Кавадарци 55, Гостивар 44, Тетово 40, Кочани 27, Кичево 25, Гевгелија 22 и Струга 18.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk