Денес ќе објавиме јасни докази дека злосторничката група на Заев и Спасовски составена од над 40 полицајци правела црни списоци на автомобили кои морале да бидат отстранети од сообраќај, организирала физичко следење на неистомисленици, правеле списоци за гласање за СДСМ, и давале наредби за измислување на прекршоци, рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
- Наместо во име на законот, тие делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски.
"Црн список на возила за отсранување", "измислете прекршок, тргнете го"," барајте му лекарско", "до вечер список од акцијата глас плус важи за сите", се дел од пораките кои ќе ги објавиме како дел од злострничката група на Заев и Спасовски.
Да одиме со ред:
Оваа група, која според тоа што имаме на увид била под команда на Кире Китаноски од МВР, човек на советникот на Оливер Спасовски, Оливер Лукароски и истата целосно се ставила во партиска функција на СДСМ.
ПП 8(725) АД - бел опел
ПП 7(323) АЦ - 206 караван
ПП 3(420) - фиат црвен
ПП 8(77) – ровер црн
ПП 4(125) АД – корса сива
ПП 1(29) ЦХ – астра сива
Во една друга комуникација Андреј Лашкоски БПС Прилеп дава информација - Јапано вози низ Тризла сиво комбе со такси ознака на него, на што Крајоски Александар БПС Прилеп дава насока - Ако има такси табла запрете го и барајте му лекарско.
Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп кој дава наредба - Ако треба измислете прекршок и отстранувајте ги, ајде остана уште малце. До крајот не зна кај се најдува звона на сите страни.
Почитувани, не само што службата била злоупотребена како параполиција на СДСМ, туку и тие биле претворени во агитатори на власта со собирање на гласови за СДСМ.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ySJWce1KYRw[/embed]