„Вие имате ситуација каде еве од самиот почеток со потпишувањето на бугарскиот договор, односно договор за добрососедство од Зоран Заев тогашниот премиер со Бојко Борисов, практично се отвори таа Пандорина кутија, и за да имаме ситуација каде што нашиот претседател Стево Пендаровски изјавува дека Гоце Делчев е Бугарин. Од една страна изјавува дека Гоце Делчев е Бугарин, а од друга страна свикува Совет за безбедност на која што ете ја разгледува точката и кажува дека посетата на 4-ти февруари може да биде настан од висок ризик“, појасни Ковачки.Тој посочи дека според него власта е најодговорна за оваа состојба во која е доведена Република Македонија. Овие состојби највеќе одговараат за дефокусирање на власта. Од власта токму тоа го сакаат, за да се зборува повторно за национални теми, повторно да се зборува за Гоце Делчев само за да не се гледаат состојбите односно состојбата во системот која што е крајно корумпирана, за да не се гледаат бегствата од затворите, за да не се гледаат убиствата по улиците итн.
„Власта практично е инспиратор на сите проблеми, на сите состојби кои што не доведуваат во ситуација да ние како нација се доведеме во една подредена позиција, да бидеме на некој начин омаловажувани, понижувани. А, власта со својот поданички однос наместо да даде една протесна нота, да даде еден демарш ако треба да се испрати значи за негирањето и оспорување на се што е македонско. Наместо тоа да го направи, власта тоа не го прави, власта на некој начин се однесува недостојна на функцијата на која што ја извршува“, рече тој.Ковачки додаде дека отворањето на бугарски клубови и сите инциденти што се случија е можеби поради инволвирање на безбедносни служби. Доколку службите не се инволвирани значи не презеле се што требало за да не се случат инцидентите кои што се случија во изминатиот период.
„Премиерот Ковачевски не е избран на избори, но сепак некој го поставил на таа должност и треба да одговори на задачата која што му е доверена. Првата задача е да го обезбеди мирот и стабилноста на државата, понатаму да го обезбеди просперитетот на државата. Тој ниту едното, ниту другото го работи, а од друга страна работи сосема спротивно и она што реков ја доведува државата во една подредена позиција“, укажа тој.