logo
logo
logo

Ковачки: Шверцот на дрога со возила на МВР е институционализација на криминалот

Vecer | 24.09.2021

Ковачки: Шверцот на дрога со возила на МВР е институционализација на криминалот

Чекајќи го завршетокот на истрагата за трагедијата во болницата во Тетово, за да конечно видиме дали некој ќе заврши со лисици на раце, ни се случува повторно меѓународен скандал. Возило на МВР полно со дрога било запленето во Црна Гора. Ова веќе не е злоупотреба на службената должност, ова е институционализација на криминалот од најтежок вид, вели полковникот Драган Ковачки.

Според него, Министерот Спасовски очигледно ќе релативизирал и ќе префрлал одговорност, на крај, како што вели, можеби ќе кажеле дека дрогата сама се ставила во возилото. Ковачки му порачува на Спасовски да не заборави дека од 2015 е министер (со мал прекин додека беше премиер).

„ Морална одговорност нема да бараме, знаеме дека тоа е несвојствено за функционерите на оваа гарнитура на СДСМ. Човек да се чуди како овие луѓе наоѓаат леснотија во неодговорноста! Нека си продолжат и тој, но и партискиот шеф на комисијата за безбедност (кој во моментов е Државен секретар во МО), во работно време со службени возила да си тераат партиска кампања.

Ковачки вели дека премиерот продолжувал да дефокусира од катастрофата на економски и здравствен план во државата, па повторно ја спуштал летвичката за националните прашања.

„ Со ништо непредизвикан, премиерот продолжува со негаторските политики кон сопствената нација. Чинам дека е дојдено времето на човекот којшто се гордее дека во Среда и Петок имал само по 3 часа, но сепак станал премиер, некој од неговите да му укаже дека треба да биде внимателен кога зборува на темите историја и иднина. Оти, ниту историјата ја познава, а ниту гледа каква небиднина ни носи со неговите неодмерени изјави.

Според Заев, дел од нашите предци биле соработници-колаборационисти со фашистичкиот режим и затоа не можело да се генерализира дека сите (како народ) во 2 Светска Војна сме биле на вистинската страна. Демек пола од нашите биле предавници, а пола борци-херои. Апсурд!

Откако ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот, а видовме дека не им помина ниту фингерајката со нон-пејперот во којшто не нарекоа бугаро-македонци, сега Заев и другарите решиле да извадат нов трик од ракавот. Ќе бидеме пола наши, пола нивни.

Јавноста не слушна никој од раководството на СДСМ да се огради од овие изјави на нивниот премиер и лидер што доби 100 посто поддршка на султан-конгресот, а тоа не го направи дури ни Шекеринска од скопското крило. Да, истото скопско крило што ги кршеше канцелариите на Град Скопје токму поради “заштита на македонштината”, сега молчи. Зошто?“ напиша Ковачки.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk